Производи

БРОЈЛЕРИ

product-1Хранењето на бројлерите го делиме на 3 фази:

I фаза (од 1. до 14. ден)

Првите денови се многу важни за развојот на кокошките бројлери. Вниманието посветено на растот во првите денови, дава резултати за остварување на потенцијалот на раст на модерните хибриди. Десет грама поголема тежина во првите седум дена доведува до тежина поголема за околу 70 гр  до 42. ден. Здравјето на еднодневните пилиња и условите при вселување се едни од битните фактори за развојот на пилињата. Но, фокусот на исхраната во првите недели, исто така многу влијаат на капацитетот на производството во следните фази.

II фаза (од 14. до 28. ден)  и III фаза (по 28. ден)

Препораката за нашата програма на исхрана во овие две фази зависи од вредноста и квалитетот на суровините коишто ги користи фармата, условите во кои се чуваат бројлерите, и целите на фармата. На тој начин, заедно со нашите клиенти наоѓаме решение со кое ги максимизираме продуктивноста и профитабилноста за соодветно надоврзување на почетната исхрана и обезбедување соодветен прираст со оптимизирано завршно претворање на храната во квалитетно мускулно ткиво.

 

 

ПРЕМИКС Бројлер стартер Бројлери гровер Бројлери финишер
ФАЗА   1 и 2. седмица  3. и 4. седмица   По 4. седмица
ОПИС Премикс за раст на бројлери избалансиран со:

· витамини

· микро и макроелементи

· аминокиселини

· ензими

Премикс за бројлери избалансиран со:

· витамини

· микро и макроелементи

· аминокиселини

· ензими

Премикс за бројлери избалансиран со:

· витамини

· микро и макроелементи

· аминокиселини

· ензими

ПРИДОБИВКИ · Добар старт

· Висока сварливост

· Добро здравје

· Максимално искористување на хранливите материи

 

· Надоврзување на високиот прираст од стартер периодот
· Следење на капацитетот за консумација и раст со зголемување на калоричната вредност на храната
· Финализирање на растот до целната тежина пред колење со постигнување најповолна завршна конверзија на храната

· Органолептички пожелна конформација на трупот и квалитет на месото на пилето според пазарниот критериум