Фармите за несилки имаат неколку цели:
ГРИНАГРО ги исполнува овие цели така што ги анализира потребите на фармата, користените суровини и системот на чување, што и овозможува да изготви програма за исхрана. Со нашата програма на исхрана, во целост се искористува капацитетот на современата несилка за минимално време на формирање на јајцето и што подолг период на перзистенција на висока несивост и максимална јајчена маса.
Од 1. до 18. седмица
Периодот на одгледување е многу важен и има најголемо влијание на иднината на несилката и нејзината несивост. Доколку пилињата не се развијат правилно и доволно, понатаму здравствената состојба и производноста ќе бидат проблематични и ниски. За да се постигне оптимален и здрав раст, хранењето до пронесување го делиме во три фази. За секоја фаза имаме специјално изготвена рецептура на премикс, приспособена на потребите на пилињата – идните несилки.
ПРЕМИКС | „Пиле 1“ | „Пиле 2“ | „Јарка“ |
ФАЗА | 1. до 4. седмица | 5. до 9. седмица | Од 10. седмица до светлосна стимулација |
ОПИС | Премикс стартер избалансиран со:
· витамини ·микро и макроелементи · аминокиселини · ензими |
Премикс за раст избалансиран со:
· витамини · микро и макроелементи · аминокиселини · ензими |
Премикс за развој избалансиран со:
· витамини · микро и макроелементи · аминокиселини · ензими |
ПРИДОБИВКИ |
· Добар старт · Здрав развој |
· Градење на потребната тежина во 5. и 6. седмица
· Здрав развој на органите
|
· Здрав раст на скелетот
· Развој на репродуктивните органи · Подготовка на дигестивниот тракт за подобра консумација во периодот на несивост |
Од 19. седмица
Периодот на несење јајца кај кокошките го делиме на три фази, зависно од возраста и потребите на организмот на несилката за да го достигне максимумот. Премиксите содржат витамини, аминокиселини, фосфати и други елементи чие учество се балансира во зависност од старосната категорија, состојбата и потребите на фармата.
Освен постоечките линии на прозиводи, Гринагро е во можност да произведе наменски приспособени производи – премикси според потребите на фармата за постигнување на оптимална ефикасност за дадени околности и производни цели.
ПРЕМИКС | Премикс „Нес – 1“ | Премикс „Нес – 2“ | Премикс „Нес – 3“ |
ФАЗА | Од светлосна стимулација до 45. седмица | Од 45. седмица до несивост под 80% | Несивост под 80% |
ОПИС | Премикс за несилки избалансирани со :
· витамини, · микро и макроелементи · аминокиселини, · ензими · боја |
Премикс за несилки избалансирани со :
· витамини, · микро и макроелементи · аминокиселини, · ензими · боја |
Премикс за несилки избалансирани со :
· витамини, · микро и макроелементи · аминокиселини, · ензими · боја |
ПРИДОБИВКИ | · Преод од јарка кон несилка со избегнување на вообичаеното намалување на апетитот за време на раната несивост и подобрување на униформноста на јатото
· Постигнување формирање јајце за најкус период, за максимален процент на несивост · Подготовка за одржување на висока несивост во долг период |
· Одржување висок процент на несивост колку што е можно подолго
· Квалитетна лушпа на јајцето |
· Одржување добар квалитет на лушпата за големите јајца
· Висока несивост во староста
|