Услуги

Исхраната на животните игра главна улога во зачувувањето на нивното здравје. Но, покрај исхраната, постојат и многу други фактори коишто се важни за животните кои се чуваат на фарма. За таа цел, Гринагро нуди бесплатни услуги за своите клиенти, коишто обезбедуваат целосна грижа за животните и зголемени приноси на фармата.
o Ветеринарни совети за превенција
на болести и вакцинација
o Совети за подобри приноси
и благосостојба на животните
o Организација на фарма за подобри резултати
o Новитети во фармерството
o Рецептури за комплетна храна според суровините користени на фармата
o Производство на премикс, создаден според потребите на фармата
o Лабараториско испитување на суровините кои се користат во комплетната храна
o Процена на животните и условите во кои се чуваат животните

Со Гринагро добивате тим од искусни нутриционисти, ветеринари и менаџери коишто постојано стојат на Ваше располагање.