За нас

Гринагро е една од првите компании на пазарот за крмни смески и компоненти за добиточна храна во Македонија. Уште од своите почетоци Гринагро постави високи стандарди и квалитет со продажбата на концентрати и премикси од глобално познати брендови за добиточна храна.

 

1
2
3
4
5
6
7
9
10
11
12
13
14
15
16

 

 

Нашето долгогодишно постоење и стекнатото искуство, ни овозможија да започнеме со сопствено производство на непотполни крмни смески за добиточна храна – премикси. Нашите производи за правилна исхрана имаат една цел, а тоа се максимални приноси и висококвалитетни производи за фармерите.

Редовната соработка, којашто ја има Гринагро со консултати од целиот свет, постојано ни помага во нашиот развој и ни овозможува да бидеме во чекор со светските новитети, коишто ги применуваме во нашите проиводи.

 

КОМПЛЕТНА УСЛУГА

Она што не издвојува како компанија, е нашата целосна поддршка и стратегија којашто им ја нудиме на фармерите. За успешноста на фармата не се пресудни само премиксите, туку и сите останати фактори коишто влијаат врз приносите. Затоа Гринагро ги презема следните чекори при правење план за исхрана на животните на фарма:

  1. Анализа на состојбата на фармата
  2. Лабораториско испитувањe на суровините коишто ги користи фармерот
  3. Рецептура, според извршената анализа, за премикс и комплетна исхрана
  4. Превентивни ветеринарни совети
  5. Насоки за менаџирање на фармата.

 

АВТОМАТИЗИРАН ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕС

Технолошката подготовка на премиксот има своја сложеност и карактеристики коишто влијаат на квалитетот на конечниот производ. Ова се само некои од факторите кои влијаат на квалитетот на нашиот премикс:

  • висококвалитетни и внимателно одбрани состојки во премиксите
  • внимателна контрола на сопствената модерна опрема во производството, која е технолошки автоматизиран систем
  • опрема со специјализирана висока прецизност во мерење и создавање хомогена мешавина прецизно полнење и пакување
  • редовно лабораториско тестирање на суровините и на готовите производи.

Со Гринагро, фармерите секогаш на располагање го имаат вистинскиот избор, кој ќе им овозможи максимален принос и висококвалитетни производи.